Caffetin®
Caffetin® е уникатно ефикасна комбинација од 4 компоненти: парацетамол, пропифеназон, кофеин и кодеин, идеално избалансирани со цел постигнување на аналгетски синергизам.
Ваквата комбинација на состојки кои дејствуваат по различен механизам и застапени во релативно мали дози,овозможува посилно аналгетично дејство со минимален ризик од појава на несакани ефекти.

Caffetin COLD®
Caffetin COLD® претставува единствена комбинација од 4 компоненти: Paracetamol, Pseudoephedrine HCl, Dextromethorphan HBr и Витамин Ц, кој ефикасно дејствува при ублажување на главните симптоми на настинка и грип, како и на инфекциите придружени со кашлање, ринореја (слузење од носот) и состојби на покачена телесна температура.
Caffetin MENSTRUAL®
Caffetin MENSTRUAL® е препарат кој ја ублажува и смирува менструалната болка, а дејстува само по 15-20 минути од земањето. Претставува синтетски нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИЛ), кој дејствува аналгетично (против болка), преку инхибиција на синтезата на простагландини (медијатори на воспаление придружено со болка).
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани