Caffetin®
е уникатно ефикасна комбинација од 4 компоненти: парацетамол, пропифеназон, кофеин и кодеин, идеално избалансирани со цел постигнување на аналгетски синергизам.
FAQ
1. Дали е точно дека Caffetin® го зголемува крвниот притисок?
Често се поставува прашањето дали кофеинот што го содржи Caffetin® влијае на зголемување на крвниот притисок.
Експериментално е докажано дека кофеинот нема никакво дејство на крвниот притисок, срцевата фреквенција, инотропноста на срцето и на нивото на катехоламините во крвта. А што се однесува до количеството на кофеин во 1 таблета Caffetin®, т.е 50 mg, тоа е еднакво на една третина од кофеинот присутен во 1 шолја кафе, т.е 150 mg, а тоа го пиеме секојдневно. Што значи, препаратот е сосема безбеден за употреба без ризик од зголемување на крвниот притисок.

2. Дали од Caffetin® може да се добие алергиска реакција?
Теоретски, алергиска реакција може да се добие од сe што се внесува во организмот (храна, лекови, пијалаци). Како и сите други лекови и Caffetin® исто така може да предизвика алергиска реакција. Инциденците на такви појави се многу ретки и најчесто се резултат на преосетливост на некоја од компонентите во еден препарат. Во таков случај треба да се направи испитување за тоа која супстанција е причинителот за алергиската реакција и истата да се одбегнува во иднина, во било кој препарат каде што е присутна.

3. Дали Caffetin® смеат да го користат деца?
Caffetin® е сосема безбеден за употреба кај деца над 7 годишна возраст, во доза од 1/4-1/2 таблета 1-4 пати на ден.

4. Дали Caffetin® предизвикува зависност?
Во доза од 10 mg про таблета, кодеинот како слаб опијатен аналгетик не може да предизвика зависност. Дури и да се земе во предвид максималната дневна доза од 360 mg (6 поединечни дози од по 60 mg), тоа е за 36 пати повисока доза од дозата на кодеин про таблета. Значи, Caffetin® е препарат кој е сосема безбеден од опасноста за предизвикување зависност.

НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани