Caffetin COLD®
претставува единствена комбинација од 4 компоненти: Paracetamol, Pseudoephedrine HCl, Dextromethorphan HBr и Витамин Ц, кој ефикасно дејствува при ублажување на главните симптоми на настинка и грип, како и на инфекциите придружени со кашлање, ринореја (слузење од носот) и состојби на покачена телесна температура.
Состав
PARACETAMOL
Парацетамолот или познат како ацетаминофен, припаѓа на групата на неопијатни аналгетици и антипиретици, т.е. поседува аналгетично и антипиретично дејство, изразено прекумеханизам сличен на оној на салицилатите. Претставува лек од прв избор во третман на блага до умерена болка.

Предност на парацетамолот е што не ја оштетува и надразнува слузокожата на желудникот и не предизвикува крвавења. Нема влијание врз кардиоваскуларниот систем. Безбеден е за употреба во детска возраст.

Препорачани дневни дози се 650-1000 mg на секои 6-8 h. Максималната дневна доза е 4 g, што е за 8 пати повисока од онаа што ја содржи 1 таблета Caffetin COLD®.

Во 1 таблета Caffetin COLD® се содржани 500 mg парацетамол.
НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани