Caffetin COLD®
претставува единствена комбинација од 4 компоненти: Paracetamol, Pseudoephedrine HCl, Dextromethorphan HBr и Витамин Ц, кој ефикасно дејствува при ублажување на главните симптоми на настинка и грип, како и на инфекциите придружени со кашлање, ринореја (слузење од носот) и состојби на покачена телесна температура.
Состав
DEXTROMETHORPHAN HBR
Неопиоидна антитусична супстанција, која дејствува на центарот за кашлица во продолжениот мозок, супримирајќи ја на тој начин сувата надразлива кашлица. Не предизвикува депресија на дишењето и со значајно повисоки дози, ниту пак предизвикува несакани ефекти во смисол на покачување на телесната температура и создавање зависност.

Дневната доза на декстрометорфанот за возрасни е 30 mg на секои 6-8 h, а максималната е 120 mg/den, што е за 8 пати повисока од онаа што ја содржи 1 таблета Caffetin COLD®, со отпочнување на дејството по 15-30 мин.

Кај деца од 6-12 години, дневната доза изнесува 15 mg на секои 6-8 h, а максимални се 60 mg/ден. Кај деца, пак, од 2-6 години, дневната доза изнесува 7.5 mg на секои 6-8 h, а максимални се 30 mg/ден.

Во 1 таблета Caffetin COLD® се содржани само 15 mg декстрометорфан.
НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани