Caffetin COLD®
претставува единствена комбинација од 4 компоненти: Paracetamol, Pseudoephedrine HCl, Dextromethorphan HBr и Витамин Ц, кој ефикасно дејствува при ублажување на главните симптоми на настинка и грип, како и на инфекциите придружени со кашлање, ринореја (слузење од носот) и состојби на покачена телесна температура.
Индикации
Ваквата комбинација на состојки ефикасно дејствува на ублажување на главните симптоми на настинка и грип, како и на инфекциите придружени со кашлање, ринореја (слузење од носот) и состојби на покачена телесна температура.
Paracetamol - ги намалува болките (главоболка, мускулни болки,болки во грлото, зголемена телесна температура)Pseudoephedrine - го намалува отокот и исцедокот од носната слузницаDextromethorphan - ја смирува сувата и надразлива кашлицаVitamin C - за ослабнат имун систем (имунитет) , замор, исцрпеност
Каде не смее да се употребува Caffetin COLD®?
Докажана преосетливост на лекот или на било која негова состојкаТешко бубрежно или црно дробно оштетувањеЕпилепсијаТешка хипертензија (покачен крвен притисок) или коронарна артериска болестИстовремена примена / во тек на претходните 2 недели примена на МАО инхибитори Бременост и доење
Мерки на претпазливост
Потребна е претпазливост кај пациенти со висок крвен притисок , срцева болест, шеќерна болест, зголемена функција на тироидната жлезда, зголемен очен притисок и зголемена простата.



НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани