Ибупрофен лизинатот е нестероиден антиинфламаторен лек со изразено аналгетично и антиинфламаторно дејство,кое се должи на инхибиција на синтезата и/или ослободувањето на простагландините.
Кај пациентки со примарна дисменореја, ибупрофенот ги намалува покачените нивоа на простагландините во менструалната течност, го намалува интраутериниот притисок и фреквенцијата на утерините контракции.
Предноста на ибупрофен лизинатот во однос на самиот ибупрофен е пократкото време на апсорпција од страна на гастроинтестиналниот тракт,кое се должи на поголемиот степен на растворливост на лизинатот. Со тоа се овозможува побрз почеток на дејството, веќе за 15-20 минути.
Предност на ибупрофенот е што има најниска инциденца на несакани ефекти-компарабилни со плацебо и најповолен однос ризик/добивка .
Препорачани дневни дози се 200-400 mg на секои 4-6 h. Максималната дневна доза е 1.2 g, што е за 6 пати повисока од онаа што ја содржи 1 таблета Кафетин Менструал.
Во 1 таблета Кафетин Менструал се содржани 200 mg ибупрофен, што одговара на 342 mg ибупрофен лизинат.