Caffetin MENSTRUAL®
е препарат кој ја ублажува и смирува менструалната болка, а дејстува само по 15-20 минути од земањето. Претставува синтетски нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИЛ), кој дејствува аналгетично (против болка), преку инхибиција на синтезата на простагландини (медијатори на воспаление придружено со болка).
Индикации
Caffetin MENSTRUAL®е индициран за краткотраен третман на дисменореја (менструална болка).
Каде не смее да се употребува Caffetin MENSTRUAL®?
Преосетливост на ибупрофен или на помошните состојки (ексципиенти) од формулацијата.Претходна алергиска реакција предизвикана од примената на ацетилсалицилната киселина или други нестероидни антиинфламаторни лековиАктивен пептичен улкус или гастроинтестинално крвавењеТешка хепатална или ренална инсуфициенцијаДеца на возраст под 12 годиниБременост и доење.
Мерки на претпазливост
Потребна е претпазливост кај пациенти со бронхијална астма, кај кои постои зголемен ризик од појава на бронхоспазма.
НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани