Caffetin MENSTRUAL®
е препарат кој ја ублажува и смирува менструалната болка, а дејстува само по 15-20 минути од земањето. Претставува синтетски нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИЛ), кој дејствува аналгетично (против болка), преку инхибиција на синтезата на простагландини (медијатори на воспаление придружено со болка).
Дозирање
- Кај возрасни и адолесценти над 12 години, се препорачуваат по 1-2 таблети на 4-6 часа.
- Со примена во пропишани временски интервали, се избегнуваат флуктуациите во јачината на болката
- Вкупната дневна доза не смее да надмине 6 таблети (1200 mg).
- За пациентки со желудочни тегоби, се препорачува таблетите да се земаат во тек на јадењето.

Ако болката не престанува и по 3 дена, треба да се консултира лекар.
НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани