Caffetin MENSTRUAL®
е препарат кој ја ублажува и смирува менструалната болка, а дејстува само по 15-20 минути од земањето. Претставува синтетски нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИЛ), кој дејствува аналгетично (против болка), преку инхибиција на синтезата на простагландини (медијатори на воспаление придружено со болка).
Безбедност
Бидејќи се работи за препарат кој е познат и во светот прифатен како лек од прв избор за третман на примарна дисменореја, составен од компонента присутна во скоро сите позначајни светски фармакопеи, со највисок степен на препорака (Класа 1) според The Thomson Strength of Evidence and Strength of Recommendation , лекот е сосема безбеден за употреба кај возрасни и деца над 12 години.

Несакани дејства
Несаканите дејства се ретки. Може да се јави абдоминална болка, гадење, диспепсија, уртикарија, чешање и главоболка.
Во случај на предозираност, потребно е да се направи гастрична лаважа и корекција на електролитниот дисбаланс.
НОВО!!!
НОВО!!!
наскоро
наскоро
Сите наши производи се наведени и опишани на овие страници единствено за да бидете информирани за општите активности на Алкалоид, а не како препорака за примена на некој производ во некоја одредена ситуација. За било каков совет во врска со правилната употреба на нашите производи, контактирајте со Вашиот матичен лекар или фармацевт и внимателно прочитајте го упатството за употреба, вметнато во пакувањето на секој производ.
caffetin®2007 сите права задржани